Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

 
 
Анкета
Кој најмногу може да придонесе во изградбата и оддржувањето на „здрави“ меѓуетнички односи?
 
Пaртнери и донатори

 

Насловна

Работилница на тема: Децентрализација – можност за локален економски развој во општина Сопиште
img022.jpgНа 22 декември, 2009 година во Сопиште се одржа работилница на тема “Децентрализација – можност за локален економски развој во општина Сопиште”.

Целта на работилницата беше запознавање со локалниот економски развој, кои се принципите, пристапот кон локалниот економски развој и се отвори дискусија  и прашања за проблемите и потребите на општина Сопиште  со цел изнаоѓање решенија за надминување на истите.


Прочитај повеќе...
 
РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА “ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – МОЖНОСТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ”
stp64849.jpgНа 11 декември, 2009 година во Маврово и Ростуше  се одржа работилница на тема “Децентрализација – можност за локален економски развој во општина Маврово и Ростуше”.
 
Целта на работилницата беше запознавање со принципите, со пристапот,  со проблемите и потребите на општина Маврово и Ростуше со акцент на локалниот економски развој и процесот на децентрализација.

На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, претставнцици од советот, претставници од  Комисијата за односи меѓу заедниците и претставници од граѓанските организации од општина Маврово и Ростуше.

Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Рекански бисер од Маврово и Ростуше,  во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската  унија.
 
Работилница на тема Локален економски развој – вклученоста на етничките заедници во креирањето на локалните политики
vrapciste1.jpgНа 23 ноември, 2009 година, во сала на советот на општина Врапчиште  се организираше работилница на тема: Локален економски развој – вклученоста на етничките заедници во креирањето на локалните политики. 
Работилницата се организираше  со цел  запознавање  со локалниот економски развој, кои се принципите, пристапот кон етничките заедници и нивна вклученост во креирање на локалните политики општина Врапчиште.

Учествуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Врапчиште, претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Врапчиште, претставници од јавните претпријатија  и  претставници од граѓанските  организации од општината.

Работилницата  беше организирана од страна на Заеднички вредности  од Скопје  со локалниот  партнер  НВО Милениум од Врапчиште финансирана од Европската комисија во рамките на проектот Човекови права – база за економски локален развој.

Дневен ред
 
Работилница на тема: “Ефективно учество, ефективна администрација и локален економски развој во поглед на почитување на правата на етничките заедници”

DSC06799.JPGНа 12 ноември, 2009 година, во Општина Чаир, Скопје се одржа работилница на тема: “Ефективно учество, ефективна администрација и локален економски развој во поглед на почитување на правата на етничките заедници”. На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Чаир, претставници од  Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Чаир и претставници од граѓанските организации.

На работилницата говореа: Седар Дамијан – политички советник во мисијата на Европска унија,  Шаип Зенели, заменик градоначалник на општина Чаир, Хајрије Ахмед, претседател на Заеднички вредности од Скопје, Ахмет Јашаровски, извршен директор на НВО Дром од Куманово, Селман Речи, раководител на одделение за Локален економски развој од општина Чаир и  Вебија Ризванович, претседател на Комсијата за односи помеѓу  заедниците од општина Чаир.  

Присутните беа запознаени со фактичката состојба за застапеноста на етничките заедници во јавната администрација, за функционалноста и искуствата на Комсијата за односи помеѓу заедниците од нејзиното формирање до денес и  за идните чекори за економски локален развој во општина Чаир.

Прочитај повеќе...
 
Обука

Со цел запознавање со локалниот економски развој, со принципите, пристапот и добивање вештини за методологијата, постапката и институционалната рамка на локалниот економски развој  во период од  30 октомври до 1 номеври, 2009 година  во Маврово се одржа обука.

Учесници на обуката беа претставници од единиците на локалната самоуправа и претставници од невладини организации од општина Сопиште, Маврово и Ростуше, Чаир, Врапчиште и Куманово.

Обуката се организираше од страна на „Заеднички вредности„  во партнерство со невладините организации: Милениум од Врапчиште, Рекасни Бисер од Маврово и Ростуше,  Дром од Куманово и Перспектива од Скопје финансиран од Европската комисија.

 
Можност за дружење на ученици од различни етнички заедници
На ден 13.06 (сабота) 2009 година Заеднички вредности организираше еднодневен пикник остварен  во рамките на проектот МОЗАИК-Меѓуетнички дијалог во средните училишта во Македонија.
Маврово е прекрасно во овој период од годината, планините и долините околу Маврово секогаш се привлечни и ги инспирираат луѓето да сонуваат соништа кои се движат над границите наметнати од секојдневнат борба за живот/преживување.
Пикникот претставуваше заедничка средба и беше отворена за учество на сите наставници,лидери и членови на Меѓуетничките ученички здруженија (МУЗ) од трите училишта вклучени во проектот:
•    Средно училиште “Арсени Јовков” во Скопје
•    Средно економско училиште “Гостивар” во Гостивар
•    Средно медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово

Пикникот се спроведе во пријатна атмосфера во која учениците од трите училишта имаа можност за меѓусебно запознавување, можност за споделување искуства меѓу училиштата и МУЗ од различни делови на Македонија како и поврзување со ученици и членови на МУЗ од други училишта.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 11 од 52

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.