Донатори: Европска комисија и ФИООМ

Имплементатори :ФИООМ во партнерство со Заеднички вредности и 12 Центри за поддршка на НВО

Времетраење: 01.01.2007- 30.06.2009

Буџет:  174.549,00  евра

 

Цели на проектот :

  • Да се зголеми јавната свест за правата на етничките групи и да промовира почитување и заштита на етничките заедници во согласност со релевантните меѓународни конвенции и со националното законодавство;
  • Реализирање мониторинг на спроведувањето на постоечките антидискриминациски одредби во општините;
  • Мотивирање на претставниците на етничките заедници да учествуваат во креирањето на јавните политики и во реформите, посебно во областа на заштитата на нивните права;
  • Развивање на капацитетите и соработката меѓу НВО и институциите што работат со маргинализираните етнички малцинства и со етничките заедници;
  • Влијание врз владините институции во натамошното спроведување на стратегијата за правична застапеност на етничките заедници во јавната администрација и јавните претпријатија.

Целна група:

  • НВО кои работат на прашањата поврзани со малцинствата, и кои на овој начин ќе ги зајакнат сопствените капацитети, посебно во насока на лобирање и застапување при спроведувањето на меѓународните и националните одредби како и капацитетите за преземање на активно учество во процесите за донесување на одлуки.
  • Локалните власти, кои ќе го зголемат сопственото знаење за признавање и справување со потребите на заедниците коишто не го сочинуваат мнозинството и ќе бидат поттикнати да практикуваат и промовираат ефективно граѓанско учество во изготвувањето на нацрти за соодветните политики.
  • Јавните институции на локално и на национално ниво, кои ќе ја подобрат сопствената соработка со субјектите од граѓанското општество во однос на заштитата на малцинските права.
  • Медиумите, кои ќе ја развијат сопствената сензитивност во однос на малцинските права и дискриминацијата, разбирањето на механизмите за заштита и улогата на различните институции.
  • Граѓаните, кои ќе бидат соодветно информирани за одговорностите на централната и на локалните власти во извршувањето на нивните должности во однос на заштитата на малцинските права и ќе бидат поттикнати да се стекнат со средства и одредби за активно учество во формулацијата на политиките и во донесувањето на одлуки.

Активности:

Компонента 1: Градење капацитети и вмрежување – имаа за цел да ги развиваат способностите на релевантните институции, комисиите за меѓуетнички односи и НВО коишто работат со малцински групи/на прашања за малцинствата преку  проценката на потребите, обуки и преку обуката за обучувачи. Оваа компонента обезбеди подобра комуникација и охрабри вмрежување и соработка на локално и на национално ниво меѓу НВО, експертите и институциите што работат на полето на заштита на малцинските права.

Компонента 2: Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест имаа за цел да ги зајакнат капацитетите за лобирање и застапување на малцинските групи во поглед на промоцијата и заштитата на нивните права. Оваа компонента ја сочинуваат следниве активности: публикација и промоција на меѓународните конвенции и декларации и националното законодавство за малцинските права, кампања за зголемување на јавната свест во однос на прашањето за малцинските права, локални и национални дебати, состаноци, работилници со соодветните институции со цел да се дискутира за актуелните проблеми поврзани со малцинските права.

Компонента 3: Мониторинг на локалната администрација – преку кој се набљудуваат и анализираат тековните процеси на децентрализацијата поврзани со меѓуетничките односи, особено во немнозинските етнички заедници, како и со цел обезбедување на информации и препораки за следните активности, можни мерки и решенија поврзани со овие прашања. Мониторинг тимовите, основани во 12 градови, изведуваат мониторинг на работата на локалната администрација и го следат спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на малцинските групи по што изготвуваат извештаи со препораки засновани на наодите од мониторингот.

Резултати:

  • Зголемени капацитети на НВО и институциите кои работат на прашањата за малцинските права.
  • Создавање на зголемен број на ефективни мрежи на НВО кои ќе ги застапуваат прашањата што се важни за малцинските групи на локално, регионално и на национално ниво.
  • Подобрени односи и соработка меѓу релевантните засегнати страни кои ќе доведат до подобро разбирање на правата и обврските на обете страни (институции-граѓани) и ќе влијаат во креирањето на сензитивни политики.
  • Информираност на граѓаните за законодавството кое се однесува на етничките права.
  • Зголемена јавна свест за значењето на „правичната застапеност на етничките заедници“ (како и на жените и мажите) во сите области на социјалниот живот.
  • Застапување и лобирање во процесите за донесување на одлуки на локално и на национално ниво.

Споделете!