Донатори: ФИООМ и Фондација Крал Бодуен

Партнери:

  • Општина Сопиште
  • Општина Чаир
  • Општина Шуто Оризари
  • Општина Маврово и Ростуше
  • Комитет за односи помеѓу заедниците
  • Комисиите за односи со заедниците во општините: Сопиште, Чаир, Шуто Оризари и Маврово – Ростуше
  • Советите на општините Сопиште, Чаир, Шуто Оризари и Маврово – Ростуше
  • Народниот правобранител

Времетраење:   01.04.2007-  28.02.2009

Буџет: 60.000.00 евра

Цели на проектот:

Генерална цел на проектот беше подобрување на статусот на етничките заедници и нивно активно учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво, со фокус кон  побрза интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Проектна  цел

Влијание врз локалните авторитети и институции за вклучување на етничките  заедници во процесите за поефективно учество во креирањето на јавните политики и општественото опкружување во Република Северна Македонија.

  • Подобрување и  остварување на правата на етничките заедници
  • Подобрување на капацитетите на НВО за лобирање и застапување за правата на етничките заедници
  • Поголема вклученост на етничките заедници во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво
  • Зголемување на ефикасноста на работењето на Комисиите за односи меѓу заедниците
  • Воспоставање соработка меѓу невладиниот сектор, локалните власти и Народниот правобранител.

Целна група:

  • Општина Сопиште – доминантен број на граѓани од Македонската заедница
  • Општина Чаир – доминантен број на граѓани од Албанската заедница
  • Општина Шуто Оризари- доминантен број на граѓани од Ромската заедница
  • Општина Маврово и Ростуше – со значителен број на граѓани од Турската заедница
  • Комитет за односи помеѓу заедниците
  • Комисиите за односи со заедниците во општините: Сопиште, Чаир, Шуто Оризари и Маврово – Ростуше
  • Советите на општините Сопиште, Чаир, Шуто Оризари и Маврово – Ростуше
  • Локалните НВО организации кои работат на полето на човекови и малцинските права
  • Омбудсман и
  • Медиумите

Активности:

  • Градење на капацитети и вмрежување
  • Лобирање и застапување – подигање на јавната свест
  • Истражување
  • Мониторинг
  • Меѓународна соработка. 

Постигнати резултати:

  • Воспоставање практични форми на соработка помеѓу претставниците на етничките заедници преставени преку (здруженијата на граѓани), регионалните канцеларии на Народниот правобранител, единиците на локална самоуправа и институциите на локално ниво.
  • Воспоставување на практични модели за партиципирачкиот начин на заштитата, практикувањето и промовирањето на правата на етничките заедници.
  • Зајакната доверба и чувството за заедничко учество при носењето на јавните политики на локално и национално ниво, во делот на заштитата на правата на малцинствата.
  • Етничките заедници  подготвени да дејствуваат на локално ниво за адресирање на нивните потреби во делот на остварувањето на нивните права.

Споделете!