ДОНАТОРИ:  УНДП

ВРЕМТРАЕЊЕ: 15 октомври – 15 ноември 2008

ПАРТНЕРИ:  Центар за развој на заедниците – Кичево

Здружение за развој и активизам „АКВА“ – Струга

Младински еколошки центар „Рекански Бисер“ – Ростуше

Центар за развој на стабилна заедница – Дебар

БУЏЕТ:            16,160.00 УСД

Заеднички вредности го спроведи проектот „Само јас можам да го дадам мојот глас“ – поддржано од УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации).

Проектот имаше за цел да ги зајакне демократските процеси во Република Северна Македонија преку елиминирање на семејното гласање и гласањето во име на друг. Истата цел се остварува преку зајакнување на капацитетите на невладините организации за промовирање на правото на гласање, како и преку директна промоција на правата на жените и младите од руралните средини во 6 општини од западниот дел на Република Северна Македонија (Кичево, Вранештица, Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Струга).

Во рамките  на проектот  беа организирани следните активности:

  • Кампања за подигнување на свеста кај населението преку: печатење на промотивни брошури, беџови и хартиени кеси
  • Тренинг за невладини организации
  • 16 јавни дебати (средби со граѓаните за промоција на правата)
  • 4 телевизиски дебати .

Споделете!