ДОНАТОР:   Делегација на Европската комисија во Македонија – Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Шема за поддршка по држави  2007.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:  01 јануари 2009 – 30 јуни, 2010 година

ПАРТНЕРИ: НВО,  Милениум – Врапчиште, НВО, Рекански бисери – Маврово и Ростуше, НВО,  Дром – Куманово и НВО, Перспектива – Чаир.

БУЏЕТ:                     67.000,00 ЕУРА

Локалниот економски развој е една од најважните компоненти за развој на општините во Република Северна Македонија. Развојот на економскиот капацитет во општината носи придобивки на сите граѓани без разлика на нивниот социјален, етнички или било каков друг статус.

Главна цел на проектот беше:

Остварување на човековите права и подобрување на меѓуетничките односи низ имплементација на Стратегиите за локален економски развој во насока на побрза интеграција во Европската унија.

Целна група на проектот се:

Државните административни работници, Работниците во јавниот сектор, претставници на немнозинските етнички заедници, здруженија на граѓани во општините Врапчиште, Маврово и Ростуше, Куманово, Сопиште и Чаир.

Проектот беше реализиран во следните општините:

Врапчиште, Маврово и Ростуше, Куманово, Сопиште и Чаир.

Постигнати резултати

  • Зголемен капацитет на претставниците на немнозинските етнички заедници и јавната администрација за учество, спроведување и мониторинг на Стратегијата за локален економски развој;
  • Формирање на Акциони групи за политики за вклучување насочени кон немнозинските заедници и почитување на човековите права;
  • Формирање на локални мрежи за меѓуетничка соработка и почитување на човековите права во спроведувањето на постојната Стратегијата за локален економски развој;
  • Идентификација на јаките и слабите страни на вклучените во спроведување на постојните Стратегии за локален економски развој
  • Одредување на потреби низ планирањето, спроведувањето и мониторингот на Стратегиите за локален економски развој.
  • Препорачани акции на претставниците на Единиците за локална самоуправа во насока на користење на постојните можности и политики за надминување на кризи.
  • Промоција на Стратегиите за локален економски развој.
  • Подобрени меѓуетнички односи и почитување на човековите права низ спроведување на Стратегиите за економски развој.
  • Дадени препораки за вклучување на потребите на немнозинските етнички заедници и почитување на човековите права низ спроведувањето на Стратегиите за локален економски развој.

Споделете!