Донатори:   Влада на Република Македонија

Партнери:   Општини: Чашка, Бутел, Тетово и Сопиште

Времетраење:   31.12.2008-  30.03.2009

Буџет:                   216.000.00 денари

 

Цели на проектот:

Генерална цел:  Учество на етничките заедници во процесите на децентрализација и воспоставување на дијалог како услов за севкупен локален развој.

Проектна  цел:

Обезбедување на поблиски комуникациски односи меѓу комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните во општините Чашка, Бутел, Тетово и Сопиште.

Целна група:

  • Општина Сопиште – доминантен број на Македонската заедница
  • Општина Бутел – доминантен број на Македонската заедница
  • Општина Тетово – доминантен број на Албанска заедница
  • Општина Чашка – доминантен број на Македонската заедница
  • Комитет за односи меѓу заедниците;
  • Комисиите за односи меѓу заедниците во општините: Сопиште, Бутел, Тетово и Чашка;
  • Советите на општините Сопиште, Бутел, Тетово и Чашка;
  • Локални НВО организации кои работат на полето на човекови и малцински права
  • Омбудсман и
  • Медиуми.

Постигнати резултати

Подготовка на акциони програми на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОМЗ) во општините Чашка, Бутел, Тетово и Сопиште.

Организирање вкупно 8 (осум) информативни средби со граѓаните на општините Чашка, Бутел, Тетово и Сопиште.

Подготовка на 1 (еден) прирачник за граѓани на 7 јазици (Македонски, Албански, Ромски, Српски, Турски, Босански, Влашки) како граѓанин најлесно може да упати предлог, барање или молба до Комисијата за односи меѓу заедниците.

Постигнати резултати

  • Комисиите за односи меѓу заедниците на општините Чашка, Сопиште, Бутел и Тетово имаат подготвени акциони планови за работа за период од една година
  • Поголема транспарентност на комисијата за односи меѓу заедниците во општините: Чашка, Сопиште, Бутел и Тетово.
  • Прирачник на 7 (седум) јазици (Македонски, Албански, Ромски, Српски, Турски, Босански, Влашки) кои ќе овозможи на граѓаните полесно да се снајдат кога ќе сакаат да комуницираат со комисијата за односи меѓу заедниците од соодветните општини.
  • Одржување на 8 (осум) информативни средби по 2 (две) во секоја општина за поблиски запознавање на работата на комисиите за односи меѓу заедници во општините Чашка, Сопиште, Бутел и Тетово.

Споделете!